Економија

Министерство за економија ќе побара Владата да ја раскине концесијата за песок во Долно Коњари

Министерството за економија ќе ѝ достави на Владата на Република Северна Македонија Предлог-одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот “с.Долно Коњари“, општина Петровец. Одлуката доаѓа откако Државниот Инспекторат за животна средина достави до Министерството Информација за спроведена инспекциска постапка и утврдена фактичка состојба на терен каде концесионерот ЕУРО ПРОГРЕС ДООЕЛ експорт-импорт с. Долно Коњари Петровец копа песок и чакал од коритото на река Пчиња.

Од Министерството информираат дека Инспекторатот побарал од нив еднострано да се раскине Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал со Еуро Прогрес на локалитетот бидејќи било заклучено дека концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени со прописите од областа на животната средина, односно експлоатацијата на минералната суровина е вршена надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегулираниот водотек на реката Пчиња.

Концесионерот Друштво за производство, трговија, туризам и рибарство ЕУРО ПРОГРЕС има добиено концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот во селото Долно Коњари во 2014 година и таа важела до 2041 година.

Од приложените наоди од ДИЖС, Министерството за економија констатирало дека се исполнети условите за започнување на постапка за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини од страна на концедентот согласно Законот за минерални суровини, каде што е определено дека Договорот за концесија за експлоатација еднострано ќе се раскине доколку концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени со прописите од областа на животната средина.

Локалното население веќе неколку години преку протести и блокади на локални и регионални патишта се обидуваше да им укаже на властите на неправилностите во експлоатацијата на песокот и чакалот во коритото на Пчиња во близина на Средно и Долно Коњари, за кое тврдат дека ги загрозува нивните домови и водоснабдувањето.

4Anime 4anime english: Assassination Classroom (Dub) Episode 22

ANIMEFLIX animeflix hunter x hunter: Jujutsu Kaisen (TV) Recap (https://animeflix.nl/m/dePw) Episode Full