June 22, 2021 11:15
Македонија

Министерството за труд и социјална политика ќе ги ревидира Нормативите и стандардите за исхрана на децата во детските градинки

Министерството за труд и социјална политика ќе направи целосна ревизија на Нормативите и стандардите за исхрана и оброци на децата во детските градинки, во насока на нивно унапредување и усогласување со потребите за правилен раст и развој на децата.
Под целосна ревизија ќе бидат и рецептите за подготовка на оброци за децата коишто ги користат установите за воспитание на децата, со цел да се унапредат и да се усогласат со најновите истражувања за здрава исхрана, но и за потребите на децата во делот на нутритивната вредност.
Упатствата за подготовка на оброците во детските градинки се изработени од Републичкиот Завод за домаќинство и за жал подолг период не се променети. Од тие причини, во соработка со експерти од областа, работиме на подготовка на нови упатства кои ќе значат отстранување на сите производи кои не ги задоволуваат стандардите за здрава исхрана.
Ја информираме јавноста дека внимателно го следиме случајот со труење на децата во трите објекти од градинката „Ангел Шајче“ во Куманово и сме во постојана комуникација со надлежните институции.
Првичните сознанија, утврдени од Центарот за јавно здравје, укажуваат дека причина за труењето е од мајонез од фабричко производство кој бил во оригинално пакување.
Во однос на прашањето што се поставува во јавноста дали мајонез се користи во исхраната на децата, сакаме да информираме дека мајонезот воопшто не се користел  како примарна храна туку во многу мали количини под 10%, како додаток при подготовката на свежа паштета од туна и од
пилешко месо.
Со новите упатства за подготовка на оброците мајонезот целосно ќе биде исфрлен.
Во согласност со надлежноста, Министерството за труд и социјална политика ќе ги преземе сите мерки за утврдување одговорност за случајот.

AnimeHeaven arifureta anime heaven: Watch Dr. Stone (Dub) Episode 11 (https://animeheaven.pro/m/eJDr/ep-11)

ANIMEFLIX animeflix banana fish: High School DxD Episode 12