December 11, 2019 07:25
Македонија

Министерството за здравство бара решение за кофинансираните специјализанти

Министерството за здравство соопшти дека има слух за барањата на кофинансираните специјализанти и се бара механизам за подобрување на нивниот статус.

„Во исто време решаваме состојби каде немаше никакво поместување во позитивна насока со години претходно. Нивните колеги кои се приватни специјализанти за првпат се платени за својот труд во 2018 година. Тие дотогаш работеа бесплатно. Фокусот кој прво го ставивме беше на приватните специјализанти, да им овозможиме подобри услови за работа.
Сега, се бара механизам и за кофинансираните специјализанти. Веќе се договорени да почнат работни групи да работат на решавање на оваа ситуација, но затоа треба да биде во соработка со Фондот за здравствено осигурување и најверојатно со пратениците со цел да се види каква е можноста Законот во тој дел да се промени. Откако следната недела ќе ги собереме сите информации ќе имаме и детална динамика како и кога ќе може да се изнајде решение“, се вели во соопштението.

Според Министерството за здравство, покрај наследените куп проблеми кои оваа Влада ги наследи, за две години значително се подобрени условите за работа на здравствените работници.

„Направено е најголемо зголемување на платите во јавното здравство.Вкупно со сите зголемувања, основната плата на лекарот специјалист ја зголемуваме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, на општите лекари 25% и 15% на сите здравствени соработници.Зголемени се и коефициентите за исплата на дежурства и ноќен труд на медицинскиот кадар, а некои типови на дежурства се зголемени за два до три пати.

Владата во изминатиот период ги подобри условите на здравствените работници и нема намера да отстапи од оваа политика којашто требаше да се примени многу одамна, а со години ништо не беше направено на ова поле“, се додава во соопштението.

Нови вести

Заев и Филипче: „Роса школите за родителство“се долгорочен проект за поддршка на квалитетно родителство

Filip

Поделени картички за зелена нафта во неколку каменички села

Filip

ДУИ не знаела дека СДСМ цел закон за употреба на јазиците ќе го испрати на Венецијанската комисија

Filip