March 7, 2021 10:16
Македонија

Министерот Спасовски и неговиот црногорски колега Секуловиќ на Пониква ги проследија показните вежби на елитните единици на МВР

Денеска во зимско-рекреативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Пониква беа презентирани четири показни вежби од страна на Единицата за брзо распоредување и од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции на Бирото за јавна безбедност.

Единицата за брзо распоредување изведе вежба во која полициските службеници претставија случај за совладување на активен отпор, самоодбрана при напад на лица сторители на кривични дела и нивно лишување од слобода, како и операции на растурање на толпа при нарушен јавен ред и мир во поголем обем.

Полициските службеници од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции во избраните показни вежби демонстрираа  техники и тактики на обезбедување на високи домашни и странски функционери, како и начин и постапка на реакција при загрозување на личноста што се обезбедува, преку упад во објект и лишување од слобода на лица кои даваат вооружен отпор и евакуација на ВИП личности со помош на алпинистичка опрема и примена на алпинистички техники.

При изведување на вежбите припадниците на елитните единици користеа шок бомби, димни бомби, маневарска муниција и вежбовна муниција и оружје за нејзино користење, балистички штитови и алпинистичка опрема.

На изведувањето на четирите показни вежби на елитните единици на МВР во Пониква присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со својот колега црногорски колега Сергеј Секуловиќ, кој предводи делегација во рамки на официјалната дводневна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. 

High School DxD (https://animeheaven.pro/m/vpV) Episode 12 at AnimeHeaven toradora anime heaven

Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai (https://animeflix.nl/m/j4DD) Episode 13 at ANIMEFLIX animeflix my hero