October 14, 2019 01:04
Култура

Министерот за култура најави поголема поддршка за фестивалот „Макфест”

Задоволство е да се биде на еден фестивал, што долги години, почнувајќи од далечната 1986 година во контиунитет успева да ја продолжи и возобнови оваа убава традиција, истакна Министерот за култура Хисни Исмаили пред почетокот на првата фестивалска вечер на „Макфест”. Смета дека овој фестивал на забавната музика, кој опстојува 34 години стана бренд не само на градот Штип, туку е и, какошто вели, македонски бренд на којшто првите чекори ги направиле многу млади таленти.

– Овој фестивал можеби е и повеќе на текстописците, на композиторите и на многу луѓе коишто работат позади сцената, вклучувајќи ги и новинарите. Со еден збор сакам да кажам дека поради значењето на овој фестивал, ние како Министерство за култура и понатаму ќе продолжиме да го поддржуваме, а какошто и оваа година беше и нашата најголема поддршка во однос на минатите години, вели Исмаили.

Очекува поддршката да се зголеми и од други организации особено наредната година кога фестивалот ќе го има јубилејното 35 издание.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека „Макфест” зрачи со култура, традиција и какошто рече „Макфест” е темелот врз којшто се градеа најпознатите наши музички имиња, вклучувајќи ги Тоше Проевски, Каролина Гочева, а низ години на него можеа да се видат познатите балкански ѕвезди, Кемал Монтено, Даниела Мартиновиќ и редица други имиња кои оставија антологиски песни.

– Можам да кажам дека оваа година фестивалот се чувствува дека го враќа својот сјај, како што беше и минатата година, бидејќи се чувствува дека градот живее за овој фестивал. Ова е празник на градот и ќе биде во текот на наредните денови. Очекувам да имаме 30 прекрасни композиции, од коишто 20 ќе настапат во финалето, рече Бочварски.

Се заблагодари на сите коишто работат на фестивалот, како и на финансиската поддршка што ја доби од Министерството за култура.

-Знам дека наредната година ќе направиме уште поголем настан, бидејќи е 35 година и заедно со Министерството ќе разговараме за развој на овој концепт, бидејќи станува збор за традиција, која живее со градот и државата, вели Бочварски.

Нови вести

„Џифони Македонија“ да биде приказна без крај

Filip

Филмот „Медена земја” победник на Тетовскиот интернаcионален филмси фестивал „ОДА”

Filip

Ангеловски: Растевме со радиодрама и театар, напливот на технологии ги промени и театарот и филмот

Filip