Балкан

Министерот во Хрватска го загрижуваат младите во Сплит кои продолжуваат да се забавуваат по кафетериите

Со 48 новозаразени лица, Хрватска денеска ја надмина бројакта од 1.000 инфицирани со коронавирусот. Вкупната бројка во Хрватска е 1.011 позитивни на коронавирусот, соопшти на редовната конференција Националниот штаб за цивилна заштита.

Министерот за здравство во оваа земја Вили Берош соопшти дека покрај 48 новоинфицирани лица во последните 24 часа, дека има едно починато лице, а на респираторна машина се наоѓаат 35. Со новопочинатиот од коронавирусот сега Хрватска има вкупно седум лица кои ја загубија битката за живот.

Берош покрај изнесените бројки искажа загриженост што во Сплит младите луѓе и понатаму излегуваат и се собираат по кафетериите, пијат и си се забавуваат наместо да ги почитуваат препораките за заштита во битката со вирусот кој коси човечки животи по целиот свет.