January 17, 2020 17:26
Економија

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан беше во посета на компанијата САРА-КОЛАНТ

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан беше во посета на компанијата САРА-КОЛАНТ во Скопје, компанија од  текстилната индустрија која има специјализирани продавници во Скопје и е корисник на поволностите кои ги нуди новиот Закон за Финансиска поддршка на инвестициите.

Министерот Хасан при посетата  беше запознаен со работата на компанијата и со современите технологии и процеси кои се користат во процесот на работење, како и идните економски потфати што ќе ги превземе компанијата.

Сопственикот на компанијата, г-дин Вили Филиповски го изрази своето задоволство од досегашната соработка со Владата, при што министерот им ги презентираше новите измени на Законот и им ја изрази својата поддршка во процесот на остварување на целите на инвестицијата.

Нови вести

Заев: Возможни се високи стапки на раст ако ги слушаме практичарите и искуствата на пријателските земји

Igor

Претставени пет пакети за трансфер на вработените од јавен во приватен сектор

Igor

Заев на средба со Азески: Бизнисот од новата влада бара десетгодишна развојна програма

Igor