June 25, 2022 13:39
Свет

Министерка за финансии на САД: Се очекува забавување на американската економија, рецесијата може да се избегне

Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска изјави дека очекува американската економија да забави во наредните месеци, но дека рецесијата може да се избегне.

– Очекувам економијата да забави. Веќе некое време расте многу брзо, економијата закрепна, како и вработеноста. Очекувам транзиција кон редовен и стабилен раст. Мислам дека рецесијата не е неизбежна, рече Џенет Јелен.

Таа наведе дека вкупната потрошувачка во САД останува силна со промената на обрасците на потрошувачка, поради зголемувањето на цените на храната и електричната енергија.

Министерката изрази отвореност и за намалување на данокот на гориво. Таа додаде дека ќе бидат потребни „среќа и вештини” за да се намали инфлацијата додека се одржува ниската невработеност. Верувам дека тоа е можно, изјави Џенет Јелен.

Американската централна банка во средата го одобри најголемото зголемување на каматните стапки во последните 25 години, со цел да се запре растот на инфлацијата.

link vào go88 quy định rút tiền go88 quy định rút tiền go88

code tài xỉu sunwin SunWin Cổng game bài đổi thưởng số 1 sunwin energy