Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе го презентира Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната наречен „Еко одбрана”.
На настанот, што ќе се одржи во касарната „Илинден”, најавено е присуство и на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и на професорот Драган Миновски од Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.
Миновски за потребите на Министерството за одбрана изработи Анализа на можностите за зголемување на енергетската ефикасност и производство на електрична енергија од фотоволтаични електрани во касарните.