Македонија

Министерката Петровска се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство, Галовеј, продолжува интензивната одбранбена соработка помеѓу двете земји

„Северна Македонија и Обединетото Кралство имаат исклучително интензивна соработка во одбраната и наша намера е таа да продолжи да се развива. Заедно постигнавме многу, но ќе продолжиме да бидеме амбициозни и да наоѓаме начини за уште поголем број на заеднички активности, вежби, обуки, школувања и убедена сум дека тоа ќе го постигнеме зашто постои искрена волја за соработка и поддршка од двете страни”, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната прва средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.

Амбасадорката Галовеј рече дека Обединетото Кралство силно ја поддржуваше Северна Македонија на патот кон НАТО, а по зачленувањето во Алијансата, соработката меѓу двете земји во повеќе области, а особено во областа на одбраната, се продлабочи. Таа соработка во иднина нема да загуби од своето темпо, порача Галовеј. Петровска и Галовеј разговараа и за ситуацијата во и околу Украина.  Тие го поздравија единството на сојузниците во НАТО во овој контекст,   како и напорите за изнаоѓање на дипломатско решение на комплексната ситуација. Северна Македонија и Обединетото Кралство соработуваат во областа на обуките и во таа насока е воспоставената Координативна ќелија составена од британски офицери со кои соработуваме во развојот на полигонот „Криволак” како корисен национален и НАТО капацитет. Британски војници ќе бидат дел и од вежбата „Swift Response 22″, која е и најголемата воена вежба која годинава ќе се одржи на армискиот полигон „Криволак”. Обединетото Кралство ја помага и поддржува и трансформацијата на Армијата согласно стандардите на Алијансата и тоа преку британскиот советник, бригадниот генерал Џон Баурон стациониран во Министерството за одбрана.

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

anime websites AnimeHeaven Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone Episode 10

Horimiya (Dub) Episode 10

The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 19

Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway