November 29, 2022 04:31
Скопје

Минатата недела во Центар пајакот кренал 126 возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 251 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 26 септември до вчера (2 октомври), со помош на специјалните возила „Пајак” на ЈП ПОЦотстранети се 126 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор” санкционирани се 125 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопшти Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се наведува во соопштението.