March 22, 2019 01:46
Балкан

Минатата година 19.000 албански државјани побарале азил во ЕУ

Статистичката канцеларија на ЕУ, Евростат, соопшти дека во текот на минатата година 19.000 албански државјани побарале азил во некоја од земјите членки на Европската унија.

Според податоците на Евростат, Албанија се наоѓа на деветто место според бројот на баратели на азил.

Споредено со 2017 година, минатата година е забележан пад на бројот на албански граѓани баратели на азил за околу 7.000. Рекорден број е регистриран во 2015 година кога имало околу 69.000, а една година подоцна тој број се намали на околу 33.000 и на 26.000 во 2017 година.

Инаку, во периодот од 2013 до 2017 година околу 157.000 албански државјани побарале азил во ЕУ.

Евростат наведува дека во текот на минатата година регистрирани се вкупно 580.000 лица кои аплицирале за азил во некоја земја членка на ЕУ, што е помал број за 11 отсто. На прво место е Ирак со околу 81 илјада апликации, па следуваат Сирија, Авганистан, Пакистан, Иран, Нигерија,Турција и Венецуела.

Нови вести

Граната пронајдена во дворот на британската амбасада во Белград

Filip

Заврши протестот на албанската опозиција во Тирана

Filip

Моисиу со совет до Мета: Решија кризата како јас во 2007

Filip