November 27, 2021 04:00
Македонија

Милчин: Граѓаните имаат апсолутно право да не го употребуваат новото име на државата

Не сум дел од власта и мислам дека имам апсолутно право да не го употребувам тоа ново име на државата, истакна поранешниот прв човек на Фондацијата отворено општество, професорот Владимир Милчин во денешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

-И во Југославија кога живеев не викав Социјалистичка Федеративна Република Југославија, туку викав Југославија. Ниту пак сум викал Социјалистичка Република Македонија, туку само Македонија. Американците кога говорат не викаат Соединети Американски Држави, викаат Америка или САД. Кај нас тоа РСМ е многу гротесно, бидејќи може да значи Социјалистичка Република Македонија, рече Милчин.

Милчин додаде дека граѓаните немаат никаква обврска при говорење да го изговараат новото име на државата.

-Новото име е вештачко и тешко фаќа корени, нагласи Милчин.

Според него како и новото име, така и компромисите со Бугарија се тешки за да се изџвакаат, и граѓаните нема да ги прифатат.

– Нема да поминат и компромисите со Бугарија, нема да може власта да ги спроведе. И најтрпеливите народи имаат праг, власта треба да знае, заклучи тој.

Love Love 7 DVD Specials Episode 2

Website https://animedao.nl: Watch Raldessia Chronicles animedao Episode Full my hero academia heroes rising animedao

AnimeKisa: Pokemon: Twilight Wings anime episode 7 online free at https://animekisa.in animekisa

Website https://twistmoe.net: Watch Kishin Taisen Gigantic Formula twistmoe Episode 26 online anime

Profiles delphiforums: http://profiles.delphiforums.com/n/pfx/profile.aspx?webtag=dfpprofile000&userId=1891117994

Gitlab: https://gitlab.com/animeflixnl