December 5, 2021 10:17
Свет

Милош Земан излезе од болница

Чешкиот претседател Милош Земан е пуштен од воената болница во која помина повеќе од шест недели, соопшти денеска здравствената установа, пренесува „Ројтерс“.

77-годишниот Земан беше итно пренесен на одделот за интензивна нега на 10 октомври.

Тој беше хоспитализиран ден по парламентарните избори на кои неговиот сојузник, премиерот Андреј Бабиш, беше поразен од опозицијата, која освои мнозинство во Долниот дом и планира да формира нова влада. Лидерот на опозициската десница Петер Фијала неодамна најави дека Земан утре ќе му додели мандат за состав на новата влада.