Македонија

Милошоски: Со ваква нестабилна влада се повеќе очигледни се предвремени парламентарни избори

„Се гледа дека гласачите имаат недоверба кон актуелната власт, тоа е првиот момент. Вториот момент е актуелната политичка, економска и социјална состојба во државата, која што е можеби најлоша од 1993-94 година наваму кога чекавме во редици за бензин. А, сега се чека за поевтина струја, поевтино гориво, или за поевтини прехранбени производи, но сето тоа изгледа невозможно при ваква инфлација. И ваквите состојби опозицијата може добро да ги искористи, но само под услов доколку понуди добри кадровски решенија”, истакна Антонијо Милошоски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Радио Лидер.

Милошоски додаде дека ако ВМРО-ДПМНЕ беше на власт имаше подобри економски показатели и во време на ваква економска криза. Секој месец ќе имаше подобрување.

„Владата на СДСМ се одржува токму на овие помали партии со по еден, два или три пратеници. Најмногу им одговара слабо мнозинство бидејќи во едно такво слабо мнозинство од 62 или 64 пратеници, вашите еден, два или три пратеници вредат многу повеќе отколку во Влада која што би имала посериозна бројка на пратеници и постабилно мнозинство. Но, нека продолжат на овој начин. Ако не ја примија пораката на локалните избори веројатно ќе бидат свесни и ќе ја примат на следните парламентарни избори кои што јас сметам дека ќе бидат предвремени”, рече Милошоски.

Милошоски посочи дека преку медиумите можеше да се забележи дека Ковачевски како мандатар бил одбиен од најмалку четири или пет можни кандидати за различни министерски позиции. Што значи тоа? Тоа значи дека разговарал со посериозни луѓе со подобро портфолио, но тие луѓе кои што се посериозни и имаат подобар интегритет ја прават проценката дека оваа Влада не ја движи државата во добра насока и го одбиле Ковачевски.

„Многу е непријатно кога се гледа дека Павле Трајанов, ние сите се мислевме од каде Павле Трајанов успевал да обезбеди 400 гласа за својата партија или можеби со нивните сопружници стигнувал до 800-тини, но очигледно е дека јавни паркинзи биле неговата програма. Но, многу е невкусно според мене, сериозни функционери од СДСМ и ДУИ кои што имаат многу солидни примања да не можат да платат паркинг 50-100 денари, зависно во која зона паркирале или колку време потрошиле. Додека од друга страна на обичните граѓани им се дигаат возилата или им се местат лисици, или што и да е, па мора некој да плати за заборавени 50-100 денари”,истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека на овие избори локални се виде кој носи, а кој одбива гласови. Кој има, а кој одбива доверба од граѓаните и со самото учество на Павле Трајанов како дел од коалицијата на СДСМ тоа беше само на штета на СДСМ.

„Павле Трајанов веќе не привлекува гласачи кои што имаат доверба дека тој може да понуди нешто подобро за животот, за стандардот или за функционирањето на државата и на општините. И затоа ние би биле многу задоволни ако Павле Трајанов продолжи во иднина да биде составен дел од коалицијата на СДСМ, а тоа нам многу ни одговара”, рече Милошоски.

Милошоски посочи дека е добро Павле Трајанов да си остане со СДСМ бидејќи си одговараат со политиките.

sites to watch anime. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

anime to watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2

anime websites Naruto (Uncropped) (Dub)

Hunter x Hunter (2011) Episode 148

ANIMEFLIX My Hero Academia Season 4

Fairy Tail Episode 172