Search

Милошоски: Седум членки биле против, Грција воздржана за датумот за преговори

На вчерашниот ЕУ Совет седум членки биле против датум за преговори со Македонија и Албанија: Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија. Дванаесет членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија Естонија, Латвија, Литванија. Грција и другите воздржани! – напиша поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на Твитер.

Земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври 2019 година на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија, се договорија министрите за надворешни работи на ЕУ, попладнево во Луксембург.

-Потврдувајќи ги заклучоците од 26 јуни 2018 година, Советот силно го поздравува историскиот Преспански договор без преседан и добро ја зема на знаење препораката на Европската комисија за отворање на пристапните преговори со Република Северна Македонија врз основа на позитивната евалуација и направениот прогрес во исполнувањето на условите идентификувани од страна на Советот. Со оглед на ограниченото време на располагање и важноста на прашањето, Советот ќе се наврати со цел постигнување јасна и суштинска одлука најбрзо што може и не подоцна од октомври 2019 година, гласи последната верзија на заклучокот за Северна Македонија.

Со исклучок на Преспанскиот договор, заклучокот за Албанија е потполно ист.

Треба да знаете
Последни објави