June 21, 2021 17:26
Македонија

Милошоски од Могила: Продажбата на земјоделско земјиште за едно евро е оправдување за расипничкото трошење на Владата, граѓаните не би имале корист, туку олигарсите

Денеска сме тука во општина Могила, ќе направиме посети во општина Новаци, и главно разговараме за потребите и проблемите коишто населението ги чувствува како најактуелни во овој период, а тие се поврзани со инфраструктура, која е значајна и потребна, во овие општини, како и проблеми со образованието и во голем дел проблеми со земјоделието, потешките услови за работа и ненавременото исплаќање на субвенции.

Овие разговори ни се важни затоа што по нив можеме во Собранието да упатиме пратенички прашања и иницијативи за кои се надеваме дека ќе ја примораат власта да биде по ажурна и да обрне поголемо внимание на граѓаните од овој крај којшто сметаме дека се заборавени и не го добиваат заслуженото.

Според ВМРО-ДПМНЕ да се продава државно земјоделско земјиште за едно евро не е добар, во тој случај само одредени олигарси би рекол коишто имаат црни фондови на средства би го искористиле тоа да ги легализираат и да станат големи земјопоседници, но народот и државата во целина не би имале корист и ние сме против такво решение.

Има многу други начини како да се помогне на земјоделието, како подомаќински да се стопанисува со Буџетот,  наместо да се распродава државното земјиште за да се оправда ова расипничко трошење на државниот Буџет коешто власта  го прави.

WCOStream anime stream: The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview

AnimeHeaven animeheaven black clover: Watch My Hero Academia 2 Episode 17