January 27, 2022 07:19
Македонија

Милошоски насмеан објави дека Македонија нема да добие датум за старт на преговори со ЕУ, Богоевски му вели „Бугарија се гордее со тебе“

Кога го читаш Антонио Милошоски, не можеш да сфатиш дали човекот отишол во Вашингтон да лобира за, или против добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, напиша Богоевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и обвинет во случајот „Моќник“, Антонијо Милошоски денеска од Вашингтон, на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност, соопшти дека од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Истиот неповолен исход, според него, се очекува и во периодот јан-јули 2022 година.

„Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, вели Милошоски.

Откако Милошоски ги објави фотографиите и статусот, поранешниот пратеник и активист Павле Богоесвки на Фејзбук напиша Бугарија се гордее со него (Антонијо Милошоски).

„Кога го читаш Антонио Милошоски, не можеш да сфатиш дали човекот отишол во Вашингтон да лобира за, или против добивање датум за почеток на преговори со ЕУ.

Одвратен е начинот на кој вмровските пулени се радуваат на бугарското вето.

Не знам што е полошо – ситењето на несреќата на сопствената држава или тоа што тие се “патриотите” на политичката сцена?

Не – дефинитивно, најлошо е што сè уште има луѓе кои веруваат во нивните г*мна.

Одличен проект, Антонио!!! Бугарија се гордее со тебе“, напиша Богоевски.

anime websites. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

anime heaven au Hunter x Hunter (2011)

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Part 2 Episode 4

anime website AnimeHeaven My Hero Academia Season 5 (Dub)

Bleach

Attack on Titan Season 2 (Dub)