Македонија

Милошоски до Османи: Зошто не кажете што содржи нон-пејперот што сте го испратиле во Софија во декември?

Министерот Османи зборува да изградиме заеднички позиции, зборува за зрелост, почит и меѓусебна доверба, но како ние да имаме доверба како пратеници кои што ги избрал народот, пратениците ја избрале Владата, а Владата не сака со нас да сподели еден нон-пејпер кој што во декември бил испратен во Софија, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на денешната собраниска Комисија за надворешна политика на која излагање имаше и шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој кажа дека нема ништо спектакуларно во пакетот 5+1 од преговорите со Бугарија.

„Како да ги изградиме тие позиции во кои вие сте го напишале вашето мислење, стручно лице го дополнило тоа мислење, а вие не ни давате ниту право, ниту доверба како пратеници да дадеме сугестија за тој нон-пејпер кој што сакаме да биде во согласност со Декларацијата која што ова собрание ја усвои“, посочи Милошоски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на министерот Османи му порача дека прави нов преседан каде што потврдува дека има документ, дека истиот е неформален, е работна верзија, а ја ускратува можноста пратениците во таа работна верзија да го дадат својот придонес.

„Мислам дека тоа е потценување на зрелоста, почитта и на довербата кон пратениците за која вие зборувавте“, нагласи тој.

Понтаму Милошоски се осврна на, како што рече, одлуката од март 2020 година за почеток на преговорите.

„Кога таа одлука беше донесена вие лично на прес-конференција пред македонската јавност со Никола Димитров и Оливер Спасовски, како тогашен технички премиер, кажавте дека одлуката е безусловна, а гледаме дека сега има 5+1, 3+1, 2+1, имаме услови кои што задираат дотаму што одат до Уставот кој што е темел на политичкиот суверенитет на една држава“, кажа пратеникот.

Третата поента во неговиот говор беше во однос на идентитетот и јазикот.

„Вие велите дека не преговараме за идентитетот и јазикот, но има разговори. Штом има разговори, тенка е линијата помеѓу разговори и преговори, може да се направи политички притисок, гледаме дека владата си има свои зацртани цели, главниот приоритет е опстанувањето на власт и може тој приоритет да ве наведе да влезете и во преговори“, нагласи Милошоски кој запраша и зошто новата бугарска влада, ако навистина има поинакви гледишта, не прифати да го потпише Договорот помеѓу Македонија и „Фронтекс“.

Милошоски истакна дека ова е трет меморандум кој што се потпишува од стана на македонската и бугарската страна за изградба на Коридор 8.

anime sites. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

Attack on Titan Season 3 (Dub)

The Daily Life of the Immortal King 2nd Season

DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

stream anime online Death Note (Dub)

AnimeHeaven Black Clover (Dub) Episode 161