August 13, 2022 17:13
Македонија

Милошоски во полиција го пријави Азири кој повика на физичко насилство

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во моментот е во Полициска станица каде го пријавува државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, откако тој вчера повика на физичко насилство кон Милошоски.

Според информации на Прес24, Милошоски пред надлежен инспектор го пријавува делото.

Вчера Азири повика на насилство, а се закани кон сите кои тој ги смета за „антиалбанци“.

-Арбер, анти-албанец како Антонио Милошоски заслужува многу повеќе. Заврши времето на сеачите на магла. Новата генерација на Албанци ќе ги крши рацете и нозете на сите оние кои се обидат да понижуваат Албанци, вели Азири преку социјалната мрежа Фејсбук.