August 22, 2019 07:12
Македонија

Милошоски: Браво Стево!

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ја поздрави денешната прес конференција на претседателот Стево Пендаровски, на која тој го прозва пратеникот дека шири лажни вести кога вели дека професорката Ане Чупеска е негов советник, а која за „Рекет“ изјави дека „е специјална војна која ја водат клепто-фашистите Матео Салвини и Берлускони од Италија“.

„Јас го поздравувам ставот на Пендаровски дека италијанскиот министер за внатрешни работи не е клепто-фашист (како што го дефинира Проф Чупеска), и тоа што лично Пендаровски го потенцира “Салвини не е фашист, туку демократски избран политичар на италијанскиот народ во демократска и пријателска Италија”. Браво Стево!, напиша Милошоски на Фејсбук.

Претходно Пендаровски рече дека Ана Чупеска нема никаква релација со неговиот кабинет во врска со советување или било какво помагање, ниту е инволвирана во некој проект.

– Должност ми е да се произнесам во врска со искажаните ставови. За мене Салвини не е фашист, туку демократски избран министер во демократска република Италија која е наш голем пријател во нашите евроатлански аспирации, рече Пендаровски.

Проф Ана Чупеска говори за нејзината релација, соработка и близина со Претс.Стево Пендаровски: "независно од тоа дали ќе…

Posted by Antonio Milososki on Понеделник, 12 август 2019

Нови вести

Адвокатот Павлески се откажува од Панделевски – Ќе ја застапува само Катица

24news

Како Груевски ја бранеше Јанева дека била стручна, искусна и стабилна личност

24news

За Јанева нема место во „хашкиот оддел“ во Шутка

Igor