December 1, 2021 13:40
Свет

Милиони луѓе во Авганистан се во опасност да умрат од глад

Милиони Авганистанци, вклучително и деца, би можеле да умрат од глад доколку не се преземат итни мерки за враќање на нивната земја од работ на колапс, рече Извршниот директор на Светската програма за храна (WFP), Дејвид Бисли, кој повика на ослободување на замрзнатите средства од Авганистан за хуманитарни цели.

Бисли за „Ројтерс“ изјави дека 22,8 милиони луѓе, повеќе од половина од 39-те милиони жители на Авганистан, се соочуваат со акутна несигурност кога станува збор за храната и штрајкуваат со глад, во споредба со 14 милиони пред само два месеци.

„ Децата ќе умрат. Луѓето ќе гладуваат. Работите ќе се влошат многу“, рече Бисли во Дубаи.

Според него, предвидувањата се остваруваат многу побрзо од очекуваното.

„ Кабул падна побрзо отколку што некој очекуваше, а економијата паѓа побрзо од тоа“, рече Бисли.

Тој истакна дека доларите наменети за развојна помош треба да се насочат кон хуманитарна помош, што некои земји веќе го направиле или замрзнатите средства да се насочат преку агенцијата.

„Треба да ги одмрзнете овие средства за да можат луѓето да преживеат“, истакна Бисли.

На Агенцијата за храна на ОН и се потребни до 220 милиони долари месечно за делумно да нахрани речиси 23 милиони ранливи луѓе како што се приближува зимата.