September 17, 2020 22:32
Спорт

Милик ја напуштил тренинг-базата на Наполи

Трансферот на полскиот фудбалски интернационалец Аркадиуш Милик во редовите Рома се чини дека е прашање на време, откако напаѓачот денеска не учествувал на тренингот од Наполи. Околу 12:30 часот Милик со својот автомобил ја напуштил тренинг- базата. Полјакот не се учествувал и на вчерашнниот трениг.

Милик се очекува на „Олимпико” со првичен закуп и задолжителна откупна клаузула во вкупна вредност од 25 милиони евра, од кои 7 милиони се во форма на бонуси. Тој самиот ќе земе 5 милиони евра по сезона.

Дваесет и шест годишниот репрезентативец на Полска одбива да го продолжи договорот со Наполи и затоа тренерот Џенаро Гатузо изјави дека нема да смета на неговите услуги.

Овој договор се очекува да придвижи уште еден, а тоа е преселбата на Един Џеко од Рома во Јувентус.