October 27, 2020 16:03
Спорт

Милик одби да се пресели во Рома

Напаѓачот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, Аркадиуш Милик нема да се пресели во Рома. Полскиот фудбалер го одби трансферот. Римјаните му понудија петгодишен договор со плата од 5 милиони евра годишно (повеќе отколку што заработува во Наполи). Причините за одбивањето не беа прецизирани.

Така, поради ова, се спречува евентуалното заминување на напаѓачот Един Џеко (во размената со Јувентус со учество на Матија Де Шиљо), кого Рома сакаше да го замени со Милик.

Сепак, постои можност зделката да се случи доколку Полјакот се премисли.