June 21, 2021 12:36
Македонија

Милена Стевановиќ, Андријана Будимир, Нина Фити во новото раководство на СДСМ

Познатата ракометарка Андријана Будимир, директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за пластична хирургија Софија Пејкова, економскиот советник на премиерот Зоран Заев и поранешен претставник на Македонија во Светска банка, Нина Фити – Неделковска… се дел од новите имиња на кандидати за членови на Централниот одбор на СДСМ, велат од партијата за МИА.

Денешниот 26. конгрес на СДСМ што се одржа онлајн поради корона пандемијата заврши, а во секој момент се очекува да почне седницата на Централниот одбор по што прес-конференција треба да одржи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Од СДСМ за МИА додаваат дека во Централниот одбор има многу нови имиња, повеќе од две третини. Меѓу избраните функционери застапени се лекари, спортисти,…, а се водела сметка и за родовата и возрасната еднаквост.

-До конгресот на СДСМ денеска предлагаме 120 кандидати за членови на Централниот одбор и девет кандидати за членови на Надзорниот одбор. Следува обновување на досегашната кадровска понуда на партијата, охрабрување на различно мислење, но и градење на СДСМ за новото време. Од овие 120 кандидати, 60 се жени, 60 се мажи, а 45 се млади. Покрај целосно еднаква застапеност на жените и мажите, имаме и 37,5 проценти застапеност на младите, истакна Заев. 

KissAnime kissanime twitter: Attack on Titan Season 2 (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/d1qd) Episode 12

AnimeHeaven bleach anime heaven: Watch Banana Fish Episode 5 (https://animeheaven.pro/m/J3BV/ep-5)