April 20, 2021 17:51
Македонија

Милевски: Фер е новите градоначалници да го започнат мандатот со проширени надлежности и извори на финансирање 

Годинава треба да се одржат локалните избори, фер е новите градоначалници да го започнат својот мандат со веќе дефинирани правила на игра во смисла на надлежностите и средствата со кои што ќе располагаат за нивно извршување, веќе од наредната буџетска година, порача министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната виртуелна работилница „Децентрализација и рамномерен развој” со градоначалниците и други претставници од општините.

На работилницата за презентација на новиот Закон за рамномерен регионален развој и на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација за периодот 2021-2026 година со Акциски план за периодот 2021-2023 година, Милевски посочи дека на предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата формирала работна група на политичко ниво чија задача е многу брзо да се создадат конкретни услови за продолжување на децентрализацијата.

– Целта е до септември врз основа на изменета законска рамка да се направи нормативен трансфер на нови надлежности и нови ресурси за финансирање. Во однос на нормативната и стратешката рамка мислам дека обезбедивме услови за побрз и  одржлив развој на локално и на регионално ниво. Со максимално ангажирање на централната и на локалните власти, но и со поголеми средства за развојни проекти можеме заедно побрзо да ги менуваме условите за живеење во сите општини, рече Милевски.

Според него, трите најважни документи кои што го определуваат развојот во наредниот период – Стратегија за регионален развој, Законот за рамномерен регионален развој и Програмата за одржлив локален развој и децентрализација, Министерството за локална самоуправа ги подготвуваше во консултација со сите засегнати страни, со ЗЕЛС, со општините, со центрите за развој, со експертската јавност и со граѓаните.

– Важно е сите вклучени страни да бидат информирани и да го дадат својот придонес за да може да обезбедиме квалитетна имплементација и на законот и на програмата, рече Милевски.

Министерството за локална самоуправа со новиот Закон за рамномерен регионален развој, додаде Милевски, предвиде уште една Програма од која што ќе се финансираат проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во планските региони и со која што ќе се поттикнува конкурентноста на планските региони. Во рамките на оваа  Програма ќе се поддржуваат активности за изведба на градби за подобрување на пристапот до инфраструктура на ниво на плански региони и на локално ниво, како и подготовка на анализи, студии и проектна документација.

– За реализација на средствата од оваа програма јавниот повик ќе го објавува Министерството за локална самоуправа, а покрај центрите за развој на планските региони и општините, на овој повик ќе можат да аплицираат и јавните претпријатија и јавните установи основани од државата и од општините, како и високообразовните и научни институции и здруженија на граѓани, појасни Милевски.

Тој посочи дека новина е што со овој закон се воведува нова категорија- урбани подрачја, а тоа се општините и градот Скопје.

– Тоа значи дека покрај проектите за развој на планските региони, за развој на селата и за развој на подрачјата со специфични развојни потреби ќе се финансираат и проекти за развој на урбани подрачја за кои што ќе можат да аплицираат општините со седиште во град. Овие општини за разлика од руралните имаа свои специфичности,  кои што  согласно и со ЕУ регулативата треба дополнително да бидат подржани. Во изборот на проекти кои што ќе бидат финансирани со средства од Буџетот на Министерството и на Бирото задолжително ќе бидат вклучени и граѓаните преку организирање на Форуми во заедниците, додаде министерот.

Благодарение на предлозите на граѓаните, истакна Милевски, реализиравме многу корисни инвестициски и иновативни проекти во сите осум плански региони.

– Нудиме и уште едно ново решение, тоа е можноста да се аплицира со поголеми проекти чија имплементација нема да биде ограничена на само една година. Програмата за одржлив локален развој и децентрализација е амбициозна, се фокусираме на подобрување на нормативната рамка, продолжување со децентрализацијата, продлабочување на фискалната децентрализација, дигитализација на административните услуги, подобрување на социјалните и комуналните услуги поттикнување на локалниот економски развој, поголема транспарентност и отчетност, рече Милевски.

Министерството за локална самоуправа како носител на политиките на рамномерен регионален развој и одржлив локален развој и децентрализација, со поддршка на УНДП и швајцарската Влада ги подготви новата Стратегија за регионален развој 2021-2031 која што е во собраниска процедура, Законот за рамномерен регионален развој кој Собранието го донесе на 27 јануари годинава и Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026 со Акциски план кои се готови во фаза на нацрт.

WCOStream wcostream attack on titan: Watch Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 2

AnimeDao animedao death note: The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview