Министерството за локална самоуправа ја креира политиката, а средствата за општините се доделуваат преку Бирото за рамномерен регионален развој, истакна министерот за локална самоуправа Горан Милевски, во емисијата 24 анализа на ТВ24.
Тој нагласи дека средствата што се пренаменети од ТАВ за општините немаат никаква врска со претстојните локални избори.
Овие средства немаат врска со изборите, секоја година имаме избори, и минатата година имавме избори, ако чекаме да поминат избори, општините никогаш нема да ги добијат парите, порача Милевски.