November 29, 2020 19:09
Спорт

Милевски: Револтиран сум што не ни дозволија да се бориме до крај, беше задоволство да се работи со вас

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година Благоја Милевски со убава порака им се обрати на своите фудбалери кои беа дел од квалификацискиот циклус за ЕП 2021.

Драги наши фудбалери, членови на стручниот штаб, драги луѓе во Фудбалската федерација на Македонија,

Чувствувам потреба да упатам благодарност кон сите што бевте дел од квалификациите за Европското првенство 2021.

Сите Вие имате заслуга за успехот што го направивме. Од срце Ви благодарам.

Кај мене постои и револт и горчина заради начинот на кој нѐ ни дозволија да се бориме и да бидеме заедно до крај, но наша заедничка победа е тоа што сте и одважни и храбри и со квалитет на нивото на најдобрите во Европа. БлаТоа се особини на кои укажував и тоа сте вие.

Од нашиот прв собир во Анталија, па се до последниот натпревар против Црна Гора созреавте како личности и како фудбалери, а според она што го прикажавте на терен, стигнавте на нивото кое го посакував. И не застануваме тука. Имаме време и простор за напредок.

Многу научив и сеуште учам и од вас. Ми беше задоволство да работам со личности и фудбалери како вас. Бидете и остенете луѓе какви што сте. Потрудете се да напредувате како фудбалери.

Би сакал, исто така да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија, до претседателот Сејдини, Управниот одбор и службите во федерацијата. Оваа репрезентација ги имаше сите барани услови за работа, а тоа е многу важно за остварување на резултат на ниво на најдобрите во Европа. Посебно се заблагодарувам за трите чартер летови кои ни ги обезбедивте и дадовте придонес да освоиме седум од можните девет бодови на крајот од квалификациите.

Се надевам дека во иднина само ќе ја надоградуваме заедничката соработка.

Ви посакувам добро здравје на сите.