June 28, 2022 03:53
Спорт

Милевски: Помладите треба да го потврдат својот репрезентативен потенцијал

Македонската фудбалска репрезентација со тројца дебитанти во поширокиот состав ќе ја почне идниот месец новата сезона во Лигата на нации во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар во рамки на Ц дивизијата.

Нови имиња во составот на „црвено-жолтите” што денеска го објави селекторот Благоја Милевски се дефанзивецот на Академија Пандев, Бојан Димоски и играчите за врска на словачки Злате Моравце, Томче Гроздановски и полска Висла Краков, Енис Фазлагиќ.

– Базата на тимот веќе ја имаме со фудбалерите кои ги одиграа натпреварите за пласман на Светското првенство, но нашата цел е тројцата нови фуд балери во составот Димоски, Гроздановски и Фазлагиќ да донесат одредено освежување во репрезентацијата. Шанса за потврда на својот потенцијал и квалитет ќе добијат сите и низ подготовките и натпреварите, помладите фудбалери треба да покажат дека можат да бидат важен дел од репрезентацијата во нашите натпревари од квалификациите за Европското првенство чија ждрепка е закажана во октомври, изјави попладнево Милевски за официјалниот сајт на ФФМ.

Македонските фудбалери на 2 јуни и гостуваат на Бугарија, а три дена подоцна на Гибралтар, по што на 9 јуни ја пречекуваат Грузија, а на 12 јуни во Скопје ги очекува реваншот против Гибралтар.

– Јас се надевам на многу позитивни работи во периодот што ни следува, иако распоредот ни наметнува четири меча, а фудбалерите завршија со клупски активности. Дел од нив како последица од напорната сезона и бројот на одиграни натпревари нема да бидат во комбинација за настап за натпреварите кои ни следуваат, а ќе видиме каква е ситуацијата со дел од играчите кои имаат повреда и дали ќе бидат во можност да настапат, додаде Милевски.

go88 rút tiền trong bao lâu mod go88 bầu cua go88

https://sunwin.fan/