December 3, 2022 10:22
Спорт

Милевски: Заслуживме најмалку бод, стартот на Тодоровски не беше за црвен картон

Македонија не го одбрани домашниот терен во пресметката со Бугарија, односно минималниот пораз од 1-0 значеше дека го завршуваме ова издание на третата позиција на табелата зад Грузија и вечерашниот противник.

Голем хендикеп за нас беше црвениот картон кој во раната фаза го заработи Тодор Тодороски, картон кој според селекторот Благоја Милевски бил престрого досуден од страна на судијата Јулијан Вајнбергер од Австрија.

-Трајковски мораше да го плати цехот за исклучувањето. Како одигравме во продолжение во натпреварот заслуживме најмалку реми. Нема да го коментирам судењето, ама можам да ја коментирам ситуацијата. Тодороски стартуваше прво на топка, а потоа врз играчот. Според мене црвениот картон беше престрого даден, -истакна предводникот на нашиот национален тим.