Македонија

Милевски: Да не заборавиме дека дрвјата се нашите бели дробови,  потребни се итни мерки за спречување на сечење на шумата

Во рамки на програмата „Добра земјоделска пракса” 12.500 садници се засадени во Крушево по повод денот на планетата земја 22-ри Април.

– Денот на планетата земја е важен за сите нас, затоа што особено за време на пандемија надлежните утврдија најголеми неправилности со сечење на шумата. Би сакал да упатам апел дека не треба да правиме пакост со шумата затоа што таа се белите дробови на секој од нас. Овој симболичен чин денеска треба да е пример особено за локалните власти и тие треба да ги поттикнуваат граѓаните да се грижат за планетата земја. Министерството за локална самоуправа константно секоја година вложува во животната средина преку проектите кои директно влијаат на ублажувањето на климатските промени во земјава, но потребни се итни мерки за незаконската сеча на шумите, истакна Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

На акцијата за пошумување кај споменикот Слива беше покрај Милевски, активно учествуваа и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски и претставници од компанијата “Секе” поддржана од Македонски шуми. 

– Оваа акција веќе прераснува во пракса и не е прва година заедно со СЕКЕ и ПСШ Липа да спроведуваме акции за пошумување на неколку локации. Ова денеска значи влог во иднината, значи влог во заштита и обновување на животната страна. Со ова ние ја продолжуваме соработката со Министерството за локална самоуправа, ЈП Национални шуми и секако ПСШ Липа на дневна основа. Порачувам да ја заштитуваме животната средина преку учество во вакви акции, правилно одлагање на отпад, односно незагадување за да можеме на вистински начин да ја восприемаме природата, изјави градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

– Во рамки на годишна програма на ЈП Национални шуми и со поддршка на општествено одговорната компанија СЕКЕ уште една година спроведуваме голема акција за пошумување преку која засадиме нови 12.5000 дрвца и со тоа ќе покажеме дека се грижиме за сегашните и идните Крушево, додаде Јанче Јанески на ПСШ Липа Крушево.

 

 

AniWatch aniwatch.me: Death Note (Dub) Episode 37

AnimeTV hunter x hunter anime tv: Watch The Misfit of Demon King Academy (Dub) Episode 6