January 27, 2021 11:01
Спорт

Милан рутински против Фиорентина, повтори клупски рекорд од 1973 година

Фудбалерите на Милан продолжија со одличните резултати во Серија А и овој пат ја совладаа Фиорентина со 2:0. Со оваа победа до која стигнаа со головите на Ромањоли и Кеси „росонерите“ останаа на врвот на табелата во Серија А .

Милан на овој натпревар играше без Златан Ибрахимовиќ и Исмаел Бенансер, двајца од клучните фудбалери на тимот предводен од Стефано Пиоли, но и покрај тоа стигнаа до доста важна победа.

Кеси беше во главна улога затоа што беше асистент на првиот погодок на Ромањоли, а потоа сам од пенал ја затресе мрежата на Фиорентина. Пред крајот на првиот дел Кеси пропушти да постигне уште еден погодок затоа што не реализираше нов удар од 11 метри. Во вториот дел двата тима имаа неколку шанси, но не дојде до промена на резултатот, па Милан ги задржа трите бода на „Сан Сиро“.

„Росонерите” ја продолжија низата со постигнат гол во италијанскиот шампионат на 29 натпревари. Ова е повторување на клупскиот рекорд поставен во периодот 1972-73 година.

Во следното коло Милан ќе играат против Сампдорија и ако постигне гол на овој меч ќе постави нов рекорд.

Sword Art Online Alicization War of Underworld Part 2 (Dub) (https://gogoanime.be/m/OJkg) Episode 7 at GoGoAnime gogoanime twitter

Violet Evergarden Movie Episode Preview at website https://animeheaven.pro. See more animeheaven unblocked