Милан го заборави поразот од Јувентус (3-1) и се врати на победите во дуелот со Торино (2-0) во меч од 17. коло во италјанската фудбалска Серија А. Со оваа победа „росонерите“ ќе останат на лидерската позиција без разлика на утрешните исходи на конкурентите.
-Го загубивме последниот натпревар против квалитетен противник како Јувентус. Затоа, ова беше важен натпревар за да останеме на врвот и мислам дека дадовме вистински одговор. Нашиот менталитет е секогаш да излеземе на теренот да победиме и да останеме на врвот на табелата. Ние ја завршивме нашата должност, победивме, останатото не е важно -истакна Рафаел Леао кој го даде првиот гол на мечот на „Сан Сиро“.
-Драго ми е што со мојот погодок му помогнав на тимот, но најважно беше да ги освоиме трите бода. Јас сум поблиску до гол кога играм како центарфор, но исто така сум среќен да давам асистенции за моите соиграчи. Не е важно каде играм, само сакам да помогнам -заклучи Португалецот.