August 13, 2022 16:48
Балкан

Милановиќ ја остави финската премиерка Марин да го чека, разледуваше слики (ВИДЕО)

Репортерот на RTL, Иван Скорин, на Твитер објави видео од финската премиерка кој морала да почека неколку минути за да се појави Милановиќ.

За тоа време, таа прво стои сама, а потоа прошета низ приемната сала гледајќи ги уметничките дела со скрстени раце на грбот. Кога слушнала дека се отвора вратата низ која треба да помине Милановиќ, се вратила, но хрватскиот претседател се уште не се појавил. Таа чекала неколку моменти, а потоа тој пристигнал, насмеан и ѝ ја подаде раката.

На средбата што се одржа во Кабинетот на претседателот на Хрватска, станало збор за односите меѓу двете земји кои ги поврзува членството во Европската унија, самитот на НАТО што следната недела ќе се одржи во Мадрид, како и за безбедносната и политичката состојба во Југоисточна Европа.

Додека Финска аплицира за членство во НАТО, претседателот Милановиќ ја информира премиерката Марин за неговите ставови за проширувањето на НАТО. Тој објаснил дека не се противи на влезот на Финска во НАТО и дека ги разбира безбедносните причини поради кои Финска аплицирала за членство, но во исто време на финската премиерка ѝ укажал на безбедносните проблеми со кои се соочува Хрватска поради нестабилната политичка ситуација во Босна и Херцеговина.