June 29, 2022 00:18
Балкан

Милановиќ: Пленковиќ пикира две работни места во Брисел, ако писне нема да ги добие

Кога големите се тепаат, малите се оддалечуваат од масата. Мал народ како нашиот мора да се грижи за своите интереси и да биде свесен што сака и како тоа да го постигне. Треба да бидеме свесни за светот во кој се наоѓаме. Тој не е против Хрватска, не е злобен, не е дизајниран да нè уништи. Но, ако не се грижиме за себе, никој нема да нè заштити, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој учествуваше на свечената седница на Градскиот совет на Славонски Брод по повод Денот на градот.

Милановиќ порача дека останува на своите ставови за НАТО.

„Турција има проблем со Шведска. Ние немаме, имаме проблем преку Сава и тоа сериозен. Турција се бори за своите интереси. Турците реагираат дури сега, тоа e интересно затоа што досега никој не разговарал со нив“, рече хрватскиот претседател.

Според него, ХДЗ е заложник на Пленковиќ и на уште две-три лица.

„Тој пикира една – две работни позиции во Брисел, му нудат повеќе. Она што го пикира не може да го добие ако писне“, додаде тој.

„Кога не сте ослободени од желба и амбиција, работите против народот. Сакам да ги заштитам Хрватите во БиХ од безобразно угнетување“, рече Милановиќ.

„Што ja спречува Хрватска јасно, гласно и машки да застане во одбрана на своите сонародници во БиХ. Дека во Брисел ќе нè гледаат како типични балканци? Па што ако сме? Се ближи времето за одлука. Не го правам ова за себе. Сакам да слушнам јасна порака од хрватските претставници во БиХ дали гледаат нешто корисно во она што го правам или дали треба да престанам“, рече тој.

go88 đăng nhập fb danh bai go88 app go88 ios

đăng nhập sunwin bằng facebook