Балкан

Милановиќ: Пленковиќ колку сака нека ѝ се заканува на Русија, јас нема да дозволам Хрватска да се меша во Украина

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, прашан што мисли за состојбата во Украина и за можниот конфликт, едноставно одговори дека не знае ништо околу тој конфликт, пишува хрватски Индекс.

„НАТО го засилува своето присуство, а ние немаме ништо со тоа, ниту ќе имаме. Доколку дојде до ескалација, ќе го повлечеме секој хрватски војник. Тоа нема никаква врска со Украина, туку со политиката на Бајден, каде гледам недоследност и опасно однесување“ тврди Милановиќ.

Тој смета дека постојан различни начини да се спаси Украина, а најлесно тоа би се случило преку економската помош.

„Кога си замина Трамп, кој беше нападнат од Демократите дека се однесува како дадилка кон Путин, новата администрација под притисок на републиканските јастреби, одеднаш изврши притисок врз Пенатгон и Бајден да застанат цврсто против Русија. Гледам силен руски интерес. Ја гледам и Украина. На Украина не и местото во НАТО, тие се една од најкорумпираните земји во светот“ вели Милановиќ.

Според него, најпрвин треба да се смири политичката сцена и да не се допушти „екстремистите да вршат притисок на политиката бидејќи Хрватска во тоа нема да учествува“.

„Пленковиќ колку сака нека и се заканува на Русија, јас нема да дозволам Хрватска да се меша таму. Тој само два пати ја посетил Украина и појма нема што се случува таму“ додава тој.

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

english dubbed anime 4Anime Death Note

The Daily Life of the Immortal King 2nd Season Episode 8

Death Note (Dub) Episode 34

anime streaming Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway