October 17, 2021 20:36
Балкан

Милановиќ: Вучиќ е горд на својата улога во војната

Породолжуваат „ниските“ удари кои си ги подметнуваат хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и неговиот српски колега Александар Вучиќ. Хрватскиот шеф на државата Милановиќ во своето ново издание наменето за својот колега повтори дека сегашниот српски претседател Вучиќ, ја подржувал војната и дека веројатно бил горд на таа улогата. Милановиќ кој имаше настап на Универзитетот Колумбија го стави Вучиќ на тапет оти бил поттикнувач на војната во деведесееттие години од минатиот век. Од Србија не му останаа должни, а посебно министерот на внатрешни работи Александар Вулин кој не бираше зборови и го оквалификува Милановиќ како „најглупав политичар“.

-Не можете да проверите какви улоги некои луѓе одиграа на нашите простори во последните триесет години. Имаше крвопролевање, убивање, а некои го охрабруваа тоа“, објасни Милановиќ.

Тој додаде дека Хрватска џентлменски „поминала преку се , но и дека нема да ја закопа главата во песок како што прават многумина во Србија“.

-Мислам дека Вучиќ е горд на тоа што го направи. Ова е нешто за што треба да се потсети од време на време, особено кога некој е киднапиран и секојдневно испраќа некои од неговите политички холограми, портпароли и поттикнувачи да кажат што ќе му текне во негово име. Тоа е валкано и методолошки ефтино , рече Милановиќ.

Вучиќ изјави дека Милановиќ кажува такви работи за него, „плитки и ниски навреди“, бидејќи Хрватска е љубоморна на економскиот успех на Србија. Тој оцени дека на Милановиќ му пречи фактот што оваа година Србија ќе ја надмине Хрватска во однос на вкупниот износ на БДП, „со разлика од 300 до 600 милиони евра“.

-Србија има вкупен БДП повисок од Луксембург. Но, БДП по глава на жител на Хрватска и Србија не се ни блиску. Србија е многу поблиску до Албанија. Што се однесува до општото ниво на развој, Србија не е на ниво на Хрватска. Во Хрватска, животот е подобар и побогат по сите параметри, а ние сме незадоволни од нашето ниво, возврати хрватскиот претседател.

Watch Mardock Scramble: The First Compression Episode Full

Website https://animeflv.uk: Watch 8 Man After animeflv Episode 4 anime streaming

TwistMoe Watch anime online, English anime online HD

GoGoAnime: Legend of Exorcism anime episode 13 online free at https://gogoanime.be gogoanime boku no hero

Nootheme: https://nootheme.com/forums/users/animefreakws/

Readthedocs: https://readthedocs.org/projects/anime-flix/