January 28, 2022 06:06
Магазин

Мик Џегер со 44 години помладата сопруга: Луѓето се шокирани од условите за нивната врска

Легендарниот рокер Мик Џегер и понатаму е на одмор во Мајами, а друштво му прават девојката Мелани Хамрик и нивниот син Девару.

Мик и Мелани ретко кога ѝ дозволуваат на јавноста да ги видат заедно, па новите фотографии предизвикале голема возбуда на социјалните мрежи.

Нивната врска веќе долго време ја интригира јавноста, а причината е разликата во годините помеѓу Мик и неговата избраничка. Мик, кој е и прадедо, има 78 години, додека пак, Мелани има 34 години и значајно е помлада од поголемиот дел на децата на славниот пејач.


Тие двајца се во врска од 2014 година, а условите на нивната врска ги изненадиле луѓето. Имено, пријател на Мик Џегер открил дека Мик и Мелани се во отворена врска, што им дава можност да се гледаат и со други луѓе.

Мик тоа свое право го користи наголемо, па така бил во врска со младата продуцентка Нур Алфала која отворено ја претставувал во јавноста и која му била редовна придружба на концертите. Сепак, на крајот Нур ја оставил за да има повеќе време за Мелани и за нивниот син. Мик, инаку, по гласините дека ќе ја остави Мелани поради манекенката Маша Руденко, на Мелани ѝ купил луксузна куќа во Њујорк која ја платил седум милиони долари.

Медиумите пишуваат и дека Мик е обврзан на Мелани да ѝ плаќа по 15.000 долари месечно за да го чува нивниот син, бидејќи таа се повлекла од својата професиија – балерина. Покрај тоа, Мик, како што пишуваат медиумите, се обврзал и да ги сноси сите трошоци поврзани за нивниот син за школување до 18-годишна возраст.

 

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai

Bleach (Dub)

anime online AnimeDao Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

AnimeDao My Hero Academia Season 3 Episode 22

animes online AnimeDao Naruto