February 19, 2020 04:34
Македонија

Мизрахи: Демократско право, но и морална обврска е на секој граѓанин кога ќе види неправда и да реагира

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи со куса изјава реагираше на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Никола Димитров, кој побара таа да биде разрешена оти ја симнала таблата од МТСП со што предизвикала рееакција од Грција.

-Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право,  но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика. Во меѓувреме треба да и заблагодариме на вицепремиерката за економски прашања, заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа длабоко во себе препознава дека ова е Република Македонија и ова е Македонски народ.!

Поврзани вести

Мизрахи разрешена, изгласани изменувањата и дополнувањата на Изборниот законик

Igor

Министерката му одговори на премиерот: Ја сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија

Igor

Димитров бара разрешување на Мизрахи поради вербалната нота од Грција

Igor