February 27, 2020 15:17
Македонија

Мизрахи ги посети Јованови во Велес: МТСП веднаш ќе помогне со еднократна помош, се разгледуваат и други можности

Семејството Јованови од Велес ќе добијат еднократна парична помош од Министерството за труд и социјална политика, а ќе биде разгледана и можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен миимален приход.

Ова го соопшти министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи на својот фејсбук профил по посетата на домот на Јордан Јованов и неговата мајка Анѓелина.

-Го посетивме домот на Јордан Јованов и неговата мајка Анѓелина затоа што условите во кои живеаат се загрижувачки. Очајно им е потребна помош и веднаш се заложуваме како Министерство во рамките на законските можности, да помогнеме со еднократна парична помош. Исто така и од Центарот за социјални работи во Велес ќе побараме веднаш да ги посетат и да се разгледа можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен минимален приход. Мило ми е што веќе неколку приватни фирми се јавиле да понудат директна помош за станбениот дел.  Хуманоста побрза од државата, хуманите граѓани веќе се пријавија за помош.