December 16, 2019 09:05
Балкан

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана.

Како што пренесуваат локалните медиуми, тој на крајот на септември излегол од затвор по издржување двегодишна казна за кражба.

Весникот „Дневник“ објави дека тој бил изведен пред судија на крајот на октомври и бил задржан во притвор. Љубљанската полиција соопшти дека првото кривично дело го направил во студентски дом, а другото 10 дена подоцна во центарот на градот.

Првата студентка ја силувал во нејзината соба кога двајцата се опијаниле, а таа го замолила да си оди бидејќи сака да спие, а другата ја силувал во алтернативниот културен центар „Метелкова“ во центарот на Љубљана заканувајќи ѝ се со нож.

Тој бил уапсен на крајот на октомври, а го препознале и двете жртви, на возраст од 22 и 23 години.

Мароканецот веќе имал криминално досие. Тој во јуни 2016 година извршил кражба, а пред тоа бил осуден на три месеци затвор, исто така за кражба.

Според неофицијални информации на весникот, тој пред неколку години барал меѓународна заштита во Словенија, но бил одбиен, а кога ќе ја издржи казната за силување, тој, најверојатно, ќе биде депортиран.

Нови вести

Косовските партии бараат од Рама да го откаже самитот за „мини-Шенгенот”

Valentina

Хрватска лани увезе елки за 215.000 евра, а извезе за илјада евра

Valentina

Словенија: Во почетокот на 2018 година имало 250.000 имигранти – 12 отсто од вкупното население

Valentina