December 1, 2020 03:19
Магазин

Миа Костова победи во 20-дневната битка со коронавирусот

Познатата водителка Миа Костова која неодамна лично ја информираше јавноста преку социјалните мрежи дека е позитивна на КОВИД-19, денес конечно излезе од 20-дневната изолација.

 

Instagram

 

Миа успеа да ги „фати“ зраците на есенското сонце, за кое одбрала исклучителна модна комбинација.

„По 20 дена дневна соба, чувството на допир со сонце и улици е како боите на сликава. Само едно огромно благодарам до сите што бевте тука и сите соработници кои во оваа кратка пауза се грижеа само да сум добра. Помина. Ве сакам“, напиша Миа.

 

Instagram

По објавата дека имала контакт со позитивно лице и дека се заразила, Миа Костова беше критикувана од многумина заради непочитување на мерките како носење маска и држење социјална дистанца…

Преземено од Слободен Печат