January 28, 2022 22:56
Македонија

МЗ: Невакцинирани се 69 проценти од новите случаи со Ковид-19 и 81 отсто од хоспитализираните

Во период од 6 август до вчера на територија на државата како позитивни на Ковид-19 се потврдени 58.276 граѓани, од кои 17.896 или 31 отсто биле целосно вакцинирани. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе месеци, 40.380 граѓани, односно 69 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем. Од 468 моментно хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани, покажува анализата што денеска ја објави Министерството за здравство.

За вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата на кои им се аплицирани две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

– Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во период од 6 август до вчера на територија на државата починале 1.986 пациенти со Ковид-19. Од починатите, 1.571 пациент, односно 79 отсто не биле вакцинирани, а 21 отсто, односно 415 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, се наведува во анализата.

Од Министерството информираат дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна  и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКоВ2.

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 13

AnimeFreak The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

anime freaks tv My Hero Academia (Dub)

AnimeFreak Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

animefreaktv Your Name.