September 23, 2019 18:19
Македонија

МЗ: Напад врз здравствен работник и соработник при вршење на здравствена дејност е казниво според закон

Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е недозволиво и казниво според закон, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека според Законот за здравствена заштита, член 304-г, (1) тој кој ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност како службена дејност и давање на здравствени услуги, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, а (2) ако при извршувањето на делото од став (1), сторителот со употреба на оружје или друго опасно орудие го малтретира или го навредува здравствениот работник и/или здравствениот соработник или телесно го повреди, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

– Ако на здравствениот работник и/или здравствениот соработник му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Ако сторителот на делото од ставовите (1) и (2) на овој член бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на здравствениот работник и/или здравствениот соработник, може да се ослободи од казна. Ако сторителот на делото од ставовите (1) и (2) на овој член бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на здравствениот работник и/или здравствениот соработник, може да се ослободи од казна, наведуваат од Министерството и додаваат дека нема да дозволат физичко насилство врз медицинските лица кои секојдневно спасуваат животи во болниците

Нови вести

Георгиева: ВМРО-ДПМНЕ трошеше на лажен барок, шмизли, жални врби и палми, Владата предводена од СДСМ гради и реконструира патишта

Igor

Претседателот Пендаровски на почетокот на проектот „Лице в лице со Претседателот” во посета на општина Велес

Igor

И македонската делегација во акција на Генералното собрание на ОН за заштита на планетата

Igor