July 26, 2021 03:37
Македонија

МЗ: Инвестираме во младите лекари – надоместоци за дежурства и здравствено осигурување за специјализантите

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – Платени дежурства и надомест за здравствено осигурување е нешто што за првпат го добиваат специјализантите во нашата држава. Решавањето на ова прашање ги опфаќа сите идни приватни специјализанти и придонесува за зголемување на мотивацијата при работењето, соопшти денеска Министертсвото за здравство.
– На овој начин се стремиме кон дополнителна мотивација за оваа група на лекари. Министерството за здравство активно ги слуша барањата на здравствените работници и прави напори истите да ги реализира во рамките на своите можности, посочуваат од МЗ.
– Со здравственото осигурување којашто процедура е во тек за првпат приватните специјализанти се здравствено осигурани  што значи дека може бесплатно да се лекуваат во установите во коишто работат. Со најавените платени дежурства коишто треба да почнат од 1 јуни исто така за првпат специјализантите добиваат платени дежурства со што би сметала дека се подобрува статусот на специјализантите нормално и мотивираноста за работа заради тоа што дежурствата се 20/20 или 24 часовна работа. Во зависност од потребите на клиниката и во зависност од бројот на специјализантите коишто се на располагање на клиниката зависи и бројот на дежурства. Во овој период на Ковид криза бројот на специјализанти кои работеа на клиниките беше помал што значи дека бројот на дежурства се зголемуваше. Во изминатите месеци се случувало да имаме и по шест дежурства месечно тоа се 24 часовна работа, рече Симона Сапунџија, специјализант на Клиниката за уво, нос и грло.
Од Министерство потенцираат дека откако претходно специјализантите ќе пополнат изјава во ФЗО на РСМ дека немаат други приходи освен надоместокот кој го добиваат од државата, ќе добијат надомест за здравствено осигурување.
– Дополнително, на специјализантите ќе им се исплаќаат и надоместоци за дежурствата во нето износ од 1800, 2700 и 3600 денари. Приватните специјализанти како учесници во давање здравствени услуги ќе добијат и 5 отсто бонус за борба против Ковид-19, се вели во соопштението на Министерството за здравство.фф/дма/

4Anime Watch english anime Online in HD for FREE. Monster Strike the Animation (https://4anime.biz/m/6Lx1) Episode 12

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Why the Hell are You here, Teacher!? Special Episode Full

AniWatch Watch anime online, English anime online HD. Gunslinger Girl Episode 13

KissAnime Methodspace: https://www.methodspace.com/members/kissanimemx/profile/