February 23, 2019 20:43
Македонија

МЗ: Здравствените установи се подготвени за евентуално зголемување на бројот на заболени од грип во земјава

Министерството за здравство денеска соопшти дека будно се следат состојбите со грип во земјава и дека се подготвени за евентуално зголемување на бројот на  лица заболени од оваа болест.

-Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, составена од стручни лица од надлежните здравствени установи, будно ја следат состојбата со грип во државата. Напоменуваме дека капацитетите на здравствените установи се доволни и за евентуален пораст на бројот на заболени од грип, што е очекувано за овој период од годината, се наведува во соопштението.

Имајќи ги во предвид искуствата од претходните години, како што се посочува, очекуван е тренд на пораст, посебно во тек на февруари и март, кога ова заболување вообичаено е присутно со повисок интензитет.

Во врска со снабденоста со лекови, од Министерството информираат дека има доволно количини од лекот „тамифлу”, како и доволен број средства за дезинфекција и заштитна лична опрема.

Воедно, потсетуваат дека при првите симптоми на грип, потребно е граѓаните да се консултираат со стручните лица и да не користат лекарства на своја рака.

Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со грип во државата и јавноста навремено и постојано ќе биде информирана за тековната состојба. Заложба на Министерството и сите здравствени установи е што поуспешно менаџирање на предизвиците во сезоната на грип, стои во соопштението.

Related posts

Уништени околу 170 килограми дрога во Дрисла

Igor

Европа призна дека пиеме полошо пиво од нивното

Valentina

Стаменковска: Денешниот упад во домот на пратеникот Љупчо Димовски е обид за политички притисок

Igor