Македонија

МЗ: ВМРО-ДПМНЕ се потсмева со вакцинацијата на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вакцинацијата на територија на цела држава се одвива без никаков проблем, реагира Министерството за здравство по денешниот протест на опозициската партија.

Според Министерството, ВМРО-ДПМНЕ се потсмева со вакцинацијата на возрасните граѓани, задравствените работници, полицајците, армијата, учителките, воспитувачките, возачите во ЈСП,…

-Вакцинацијата во време на светска пандемија е сериозен здравствен процес, колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ да им наликува на „преправање” (симулација). Тажно е што опозициската партија безидејно обидувајќи се да профитира политички се потсмева со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување, односно возрасните граѓани постари од 76 години, наведува Министерството.

Додава и дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со беспрекорната организација на масовната имунизација во А1 СЦ „Борис Трајковски”.

-На ВМРО-ДПМНЕ му сметаат насмеани лица на граѓани по вакцинација, на опозицијата и сметаат позитивните коментари од граѓаните кои ја примиле вакцината. ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемија прави само штета. Во време на рестриктивни мерки, полициски час, одлучија да се групираат и да протестираат. Жалиме што опозицијата од почетокот на пандемијата не придонесе со ништо за заштита на здравјето на граѓаните, се наведува во писмената реакција од Министерство за здравство.

AniWatch watch anime: Attack on Titan Final Season (https://aniwatch.pro/m/Aa5B) Episode 16

KissAnime darling in the franxx kissanime: Wonder Egg Priority (https://kissanimeonline.com/m/692J) Episode 12