June 28, 2022 08:18
Економија

МЗШВ: На 20-ти мај истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за поддршка при набавка на трактор

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци дека истекува рокот на јавниот повик за користење на средства за набавка на трактор. Токму затоа, ги повикуваме сите заинтересирани лица кои не аплицирале дека имаат време до 20-ти Мај. Максималната вредност која секој корисник може да ја добие е до 3.500.000 денари. Парите се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Целта е што повеќе земјоделци да ги искористат овие средства, особено сега, кога се наоѓаме во светска економска криза.

Право на користење на средства имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за земјоделство и рурален развој.

Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Јавниот повик се однесува само за инвестиции во набавка на трактори, додека набавка на приклучна земјоделска механизација не е прифатлив трошок во овој јавен повик.

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се преземе по започнување на креирање на барање за мерката.

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0322-12116-ХХХХ/1).

Ова се критериумите кои треба да ги исполнуваат барателите:

– минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура и

– минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено и

– минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун

Парите наменети за инвестиции за набавка на трактор се дел од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

На последниот повик во декември 2020 година беа доделени 540 трактори. Врз основа на ова, оние кои што веќе искористиле средства од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство немаат право повторно да аплициаат.

https://go88.gg/

nhóm sunwin sunwin hệ thống quá tải sunwin jetzt erst recht