August 20, 2019 01:12
Економија

МЗШВ ги предупредува земјоделците за обилните врнежи наредниве денови

Променливото време со повремени врнежи од дожд и пониски дневни температури на воздухот ги одржува земјоделските култури во активна состојба,  со доволно влага во почвата, но и со услови за појава на плевели,  болести и штетници заради големата релативна влажност во воздухот.

Под влијание на серија влажни бранови утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, новите врнежи од дожд прогнозирани за викендот и почетокот на наредната седмица ќе започнат да предизвикуваат проблеми со пролетната сеидба, расадувањето на тутунот и останатите работи на отворено, поради големата влажност особено во површинскиот слој.

Ваквите временски услови и понатаму не е поволни за пчеларството, заради интензивниот пролетен развој каде потребите од чести излетувања и носењето на храна се многу големи, а ветровитото и врнежливо време тоа не им го дозволува.

Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.

Нови вести

Индустриското производство во Германија опаѓа, дали земјата ќе влезе во рецесија?

zane

„Алкалоид” инвестира 11 милиони евра во проширување на производните капацитети

zane

Пријавен еден случај со отстрелана дива свиња, нема угинати свињи

Daniela