Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија од Слобода Ужице со 81-70 на вториот натпревар од вториот турнир во регионалната АБА2 лигата.
Како и на првата средба на овој турнир против Хелиос, што аеродромци ја добија минимално, и на овој натпреавр одиграа лошо второ полувреме кое не остана неказнето од противникот.
МЗТ сега има скор од 4-2, следниот предизвик е Студенски центар кој е со максимален учинок во досегашниот тек со пет од пет.
Третиот последен меч во Бања Лука, МЗТ и Студентски центар од Подгорица ќе го одиграат на 24 јануари (недела) од 21.00 часот.